Ал Пачино има 39 години помлада девојка

422

Седумдесет и осумгодишниот Ал Пачино сега се забавува со нова девојка, триесет и деветгодишната Митал Дохан.

Дохан е израелска актерка и пејачка. Неименувани извори за „Пејџ сикс“ изјавиле дека холивудскиот актер и Дохан уживале заедно во романтични вечери, вклучително и во ресторанот „Дан тана“ во Лос Анџелес.

Ал Пачино со 39 години помладата девојка, заедно како пар, оделе и на разни настани.

– Тие се гледаат неколку месеци и изгледаат многу среќно. Прво се трудеа нивната врска да остане тајна, но сега веќе не се обидуваат да се кријат – изјавил неименуван извор за „Пејџ сикс“.

Инаку Дохан е најпозната по улогата во хумористичната серија „Ведс“, а ја напиша и книгата „Љубов и останати лоши навики“. Покрај тоа, таа ја објави и песната „On Ya“, со пејачот Шон Кингстон.

Актерката и пејчка живее во Лос Анџелес, како и Ал Пачино, а не е познато како точно се запознале. На оскаровецот инаку фетиш му се на многу млади жени, па така на пример пред врската со Дохан, тој се забавуваше со аргентинската колешка Лусил Сола која има 42 години.

Оскаровецот Ал Пачино никогаш не се женеше, а со професорка по глума има ќерка, филмската продуцентка Џули Мари (28).

Ѕвездата од филмовите „Лице со лузна“ и „Кум“, со поранешната девојка, актерката Беверли Дианџело (66) ги доби близнаците Оливија и Антон (17).

Пачино во моментов го снима филмот „Беше еднаш во Холивуд“, во режија на Квентин Тарантино, во кој глуми со Леонардо Дикаприо и Бред Пит.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...