Штом ќе излезе од палатата Меган Маркл станува вест. Сè се проучува, од начинот на кој Хари ја погледнал, преку тоа како се однесува, до нејзината облека и фризура.
Главна ѕвезда на појавувањето на доделувањето на наградата Coach Core била нејзината фризура. Меган, меѓу Британците прво била наречена „принцеза на неуредни пунџи“, а потоа војвотка со совршени кадрици, но овојпат се откажала од препознатливите фризури и ја испеглала косата.
Како што наведуваат медиумите, во јавност не носела рамна коса откако била објавена свршувачката со принцот Хари.
Ребека Инглиш, стручњак на „Дејли мејл“ за кралското семејство, го проучила изгледот на Меган и објаснила дека носи палто со потпис на Оскар де ла Рента и панталони на „Алтузар“.
Сè детално и многу внимателно се набљудува. До таа мерка што Британците сега се убедени дека така го крие трудничкиот стомак. Имено, нејзината јатрва, Кејт Мидлтон, ја менувала фризурата пред секоја бременост.
Фото: Инстаграм/Принтскрин