Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Наградуваниот британско-либански математичар, 89-годишен Атија ја претстави својата работа на собир во Хајделберг.

87

Еден од најистакнатите британски математичари, Мајкл Атија тврди дека пронашол доказ за Римановата хипотеза, една од шесте матаматички проблеми за чие решавање е предвидена награда од еден милион долари.

Наградуваниот британско-либански математичар, 89-годишен Атија ја претстави својата работа на собир во Хајделберг, тврдејќи дека има „едноставен доказ“ за Римановата хипотеза. Но, дали тој успеал да реши еден од најпознатите нерешени проблеми во математиката, стар речиси 160 години ќе утврди комисија.

– Доколку решението на Римановата хипотеза биде потврдено, тоа ќе биде голема вест, наведува британскиот магазин „Њу сајентис“.

Римановата хипотеза е поврзана со делење на прости броеви, кои не можат да се делат ниту со еден цел број освен со самиот себе и со бројот еден.

– Доколку се докаже дека хипотезата е точна, математичарите ќе имаат мапа за лоцирање на таквите прости броеви, посочува „Њу сајентис“.

Наградата од еден милион долари за решавање на еден од шестте нерешени „Милениумски проблеми“ во математиката, воспоставена од американскиот Институт за математика „Клеј“.

– Никој не верува дека воопшто постои доказ за Римановата хипотеза, а уште помалку дека доказ за неа може да даде некој што има речиси 90 години, истакна Атија, при тоа изразувајќи надеж дека неговата презентација ќе ги убеди неговите критичари во спротивното.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...