Хрватската Влада предлага зголемување на старосната граница за пензионирање

Возраста за пензионирање сега е 65 години за мажи и 62 за жени, но се предвидува возраста за пензионирање за жените во следните 12 години постепено да се зголемува и да достигне 65 години.

193

Хрватска предложи зголемување на возраста за пензионирање, која од 2031 би била 67 години, на што синдикатите одговорија дека ќе протестираат против предлогот.

Возраста за пензионирање сега е 65 години за мажи и 62 за жени, но се предвидува возраста за пензионирање за жените во следните 12 години постепено да се зголемува и да достигне 65 години.

Според новиот предлог на Министерството за труд и пензиски систем, мажите и жените од 2031 година ќе се пензионираат на 67 години. Министерството исто така предложи јавна дебата за предлогот која ќе се спроведе во наредните три недели.

Исто така се предлага пензијата да се намалува за четири проценти за секоја година предвремено пензионирање.

Министерот за труд и пензиски систем Марко Павиќ изјави дека целта на предлогот е во иднина да има поодржлив пензиски систем и повисоки пензии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...