Со воведувањето царини за увоз на кинески стоки, САД и „држат нож под грлото“ на Кина, изјави кинескиот заменик министер за трговија Ванг Џувен, оценувајќи дека и двете земји губат во трговската војна.
– Не може да се каже дека досегашните преговори беа бескорисни, но САД го напуштија принципот на меѓусебно разбирање со Кина- изјави Ванг.
Трговската војна почна со воведувањето на американските царини за увоз на челик и алуминиум, по што Кина воведе царини за американски земјоделски и други производи, со што се нарушија односите меѓу двете најголеми економии во светот.
– Одредени сили во САД упатуваат неосновани обвинувања на сметка на Кина, со што се затру атмосферата на кинеско-американските односи- изјави кинескиот министер за надворшени работи Ванг Ји.