Каменос ги отфрла тврдењата за злоупотреба на европски средства за мигранти

Тројца новинари од грчкиот весник „Филелефтерос“ изминатиот викенд беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статии објавени во весникот.

59
ФОТО: EPA / SOTIRIS BARBAROUSIS

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос ги негираше тврдењата на грчки весник дека неговото Министерство злоупотребило европски средства наменети за подобрување на условите за живот на мигрантите во земјата.

Каменос изјави дека неговото Министерство искористило околу 90 милиони евра од европски фондови, и тоа на транспарентен начин.

Тројца новинари од грчкиот весник „Филелефтерос“ изминатиот викенд беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статии објавени во весникот за злоупотреба на финансиски средства. Новинарите беа ослободени во неделата, а обвинител одлучил да не поднесе обвиненија против нив.

Грција доби 1,6 милијарди евра од европските фондови за справување со мигрантската криза. Но, условите за живот на околу 20.000 мигранти во камповите на егејските острови се уште се лоши и постојано се цел на критики од страна на невладини организации. Камповите се преполни и хигиената во нив е многу лоша.

ФОТО:EPA-SOTIRIS-BARBAROUSIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...