Ален Делон: Жените ме сакаа, да не бев актер ќе бев макро

Во интервју за „Монд“ Делон рекол дека ја избрал глумата благодарение на жените.

1051

Еден од најголемите француски актери, Ален Делон, шеговито изјавил дека веројатно би работел со проститутки доколку не станел актер којшто жените го вивнале меѓу ѕвездите.

Во интервју за „Монд“ Делон рекол дека ја избрал глумата благодарение на жените.

– Тие ме наведоа да се занимавам со актерство. Жените ми го овозможија тоа, се ми дадоа и се заљубуваа во мене. Кога бев млад, само сакав во очите на жените да видам дека сум најубав, најголем, најсилен и така станав актер – рекол актерот, кој во ноември го слави 83-тиот роденден.

Делон признава дека неговиот живот можел да биде сосема поинаков и дека можеби ќе станел макро и ќе работел со проститутки. Тој додал дека по враќањето од војната во Индокина во 1956 година бил „мангуп“ и дека се гледал со неколку жени во различни квартови на Париз.

Ален Делон посочил дека има намера да се повлече од актерството за да „не сними уште некој филм кој би бил вишок“, но додал дека му е жал што не снимил филм со некоја режисерка.

– Не сакам да направам ништо што би било одвишно. Веќе имам исклучителна кариера – заклучил Делон, објаснувајќи дека сите режисери со кои би снимал се веќе покојни и дека би било потребно некое сценарио што скроз би го воодушевило за да го натера повторно да снима.

Иако на Делон последниве години му падна популарноста заради испади и ароганција, повеќето Французи, покрај тоа што го сметаат за мегаломан, признаваат дека тој е еден од најголемите француски актери на сите времиња.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...