Ќе се потпише транспацифички договор без САД

Една година по повлекувањето на САД, договорот, кој сега се вика Транспацифичко глобално и прогресивно партнерство, треба да биде потпишан денеска во Сантјаго,

172

Единаесет земји од двете страни на Тихиот Oкеан денеска ќе го потпишат, со што ќе го оживеат Транспацифичкиот договор за слободна трговија (ТПП) кој по повекувањето на САД пред една година, се сметаше за мртов.

Договорот беше промовиран од страна на Вашингтон за време на претседателството на Барак Обама, и беше потпишан во февруари 2016 по една година преговори меѓу 12 земји кои имаат пристап до Тихиот океан: САД, Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам.

Но, пред да стапи во сила, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата земја се повлекува, доведувајќи го во опасност амбициозниот договор кој би требало да опфати 40 отсто од светскиот БДП и речиси 25 отсто од меѓународната трговија.

Една година по повлекувањето на САД, договорот, кој сега се вика Транспацифичко глобално и прогресивно партнерство, треба да биде потпишан денеска во Сантјаго, со речиси сите одредби од оригиналниот текст освен одредбата за интелектуална сопственост која ја наметна Вашингтон.

Со Договорот се предвидува укинување на царинските и нецаринските пречки како што се воведување заеднички норми во неколку сектори на активност меѓу овие 11 земји кои зедно имааат околу 500 милиони популација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...