Иранските служби апсат соработници на терористите од Ахваз

Најмалку 29 лица беа убиени, а над 70 ранети во нападот извршен од четворица напаѓачи, кои скриле оружје во близина на булеварот по кој се одржи парадата.

164

Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави денеска информираше дека е уапсена поголема мрежа осомничени соучесници во нападот врз војници на Револуцоинерната гарда во градот Ахваз.

– Ќе ги идентификуваме сите терористи поврзани со овој напад. Голем дел од мрежата веќе е уапсен – изјави Алави.

Најмалку 29 лица беа убиени, а над 70 ранети во нападот извршен од четворица напаѓачи, кои скриле оружје во близина на булеварот по кој се одржи парадата. Терористите стрелале врз војниците и врз граѓаните собрани да го одбележат почетокот на Иранско-ирачката војна, а меѓу убиените има и жени и деца. Сите напаѓачи биле убиени, но се трага по нивните соработници.

Одговорност преземаа повеќе сунитски арапски исламистички групи, меѓу кои и Исламската Држава, а Иран ги обвини САД и Израел за вмешаност. Се работи за западна област богата со нафта во која има арапско малцинство.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...