Николовски: Интензивно работиме на благосостојбата на животните

Николовски додаде дека заедно со АХВ интензивно се работи на усогласување со ЕУ регулативи од оваа област.

89

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните ни обезбедување на безбедна храна на граѓаните, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски ова го изјави на 5-ти состанок на Меѓународниот Конгрес на групацијата ,,Вет-Истанбулска група“ и 8-миот Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2018″ кој се одржа во Охрид.

Николовски рече дека за активностите веќе има и признанија од ЕУ.

– Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина, добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија, ја пофали Македонија за мерките кои што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија, веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста- рече Николовски.

Николовски додаде дека заедно со АХВ интензивно се работи на усогласување со ЕУ регулативи од оваа област.

На конференцијата беше присутен и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој ги презентираше активностите што АХВ ги презема во областа на ветеринарната медицина.

Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Лазо Пендовски, ги презентираше научните истржувања и проектите на кој работи факултетот, а кој што во голема мерка влијаат врз унапредување на ветеринарната медицина.

Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти,кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...