Јапонските сонди испраќаат фотографии од астероидот

Јапонската агенција за истражување на вселената во петокот соопшти дека два ровера „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу.

79

Двата мали роботи кои јапонското вселенско летало „Хајабуса2“ ги испрати на астероидот Ријугу, денеска ги испратија првите фотографии и податоци од вселенското тело, во рамките на истражување кое може да помогне во изучувањето на потеклото на Сончевиот систем.

Јапонската агенција за истражување на вселената во петокот соопшти дека два ровера „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу. Леталото се доближи до астероидот во јуни, на околу 280 милиони километри од Земјата.

Двата роботи треба да направат фотографии и да ја измерат температурата на астероидот, а за во октомври е предвидено да се испрати поголем ровер.

Леталото „Хајабуса2“ е лансирано во декември 2014 година, а треба да се врати на Земјата на крајот од 2020 година.

Ова првпат вселенски брод да успее да спушти роботски ровери на површината на еден астероид. Астероидите во основа се останати материјали кои потекнуваат од формирањето на Сончевиот систем, пред 4,6 милијарди години.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...