Телескопот ТЕСС откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орбита, телескопот на НАСА - ТЕСС откри две оддалечени планети.

86

Само пет месеци по поставувањето во земјината орбита, телескопот на НАСА – ТЕСС – кој е во потрага по нови светови вон нашиот Сончев Систем, откри две оддалечени планети. Ова е првото откритие на сателитот, соопштуваат официјални лица.

Планетите класифицирани како „супер Земја˝ и „жешка Земја“, се наоѓаат најмалку 49 светлосни години од нас. Д-р Сара Сигер смета дека вселенските тела се премногу топли за на нив да има живот, но исто така додава дека се очекуваат уште повеќе занимливи сознанија.

– Мора да почекаме да видиме што уште ТЕСС ќе открие. Знаеме дека планети има, и дека се „расфрлани по небото“ и само чекаат да ги пронајдеме, изјави Сииер.

Мисијата ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари. Сателитот досега идентификуваше и 73 ѕвезди околу коишто можеби кружат планети што би можеле да одржуваат живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...