Поради урагански ветер 140.000 домаќинства во Чешка се без електерична енергија

Поправката на дефектите е отежнато затоа што делови од Чешка се зафатени од поројни дождови.

56

Урагански ветер вчера остави без електрична енергија 140.000 домаќинства во Чешка, соопшти националната компанија „Чешки енергетски претпријатија“.

– Утврдивме 120 дефекти во системот за снабдување со електрична енергија, изјави портпаролката на „Чешки енергетски претпријатија“ – Соња Голингерова.

Таа додаде дека дефектите се предизвикани од силниот ветер, што на места достигнал сила на ураган.

Поправката на дефектите е отежнато затоа што делови од Чешка се зафатени од поројни дождови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...