„Франс соар“: Албанците се главни снајперисти на џихадистите во Сирија

Според француслиот медиум, медиумот „Џамети Албан“ се чини дека е медиум за Албанците кои се регрутирани во Сирија во рамките на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Чам (Hayat Tahrir al-Cham).

159

Група снајперисти Албанци се приклучиле на џихадистите кои се борат во Идлиб, Сирија, објави „Франс соар“ (France Soir).

Според весникот Албанците објавиле и подолго видео за нивната активност. Видеото трае 33 минути и 15 секунди и е насловено „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија.

Според француслиот медиум, медиумот „Џамети Албан“ се чини дека е медиум за Албанците кои се регрутирани во Сирија во рамките на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Чам (Hayat Tahrir al-Cham). Во групата има стотина Албанци, предводени од Хатаби Албани.

Лидерот на Албанците, Абу Кутад Албани, според „Франс соар“ е многу близок со лидерот на џихадистичката група што доминира во Идлиб.

– Инаку, еден Албанец наречен шеик Абу Катада ал-Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, македонски државјанин, беше воен лидер на Ал Нусра во 2016 година и фигурираше на црната листа на американското Министерство за финансии, наведува „Франс соар“.

Снајперистите Албанци користат пушки снајпери СВДс Драгунов, AK-74Мс со двогледи и придушувачи.

И претходно неколку џихадистички интернет медиуми пренесоа дека Албанците се главни снајперисти во џихадистички групи.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...