Гугл Мапс претстави нова услуга – панорама на јапонскиот град Одате виден низ очите на две кучиња од расата акита.
Се работи за новата опција Дог Вју („кучешки поглед”). Панорамата е направена така што на кучињата им биле закачни камери и била пуштени на прошетка низ Одате.
Со ова, корисниците на Гугл Мапс ќе може во секое време да го посетат Музејот на кучиња во Одате, или пак споменикот на Качико – кучето познато низ цел свет по неговата лојалност и тагување по починатиот сопственик.