Пирати нападнаа брод што пловел под швајцарско знаме во близина на брегот на Нигерија.
Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопшти дека е известено за нападот.
Според медиумите екипажот броел19 луѓе, а киднапирани се 12.
Компанијата сопственик на бродот соопшти дека ниту еден член на екипажот не е швајцарски државјанин.
Бродот превезувач жито од Лагос за Порт Харкорт.