Русите протестираат против пензиските реформи

Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва, што беше во организација на Комунистичката партија и другите левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони.

251

Илјадници луѓе денеска протестираа низ Русија поради планот на Владата да ја зголеми за пет години старосната граница за пензионирање.

Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва, што беше во организација на Комунистичката партија и другите левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони.

Планот на руската Влада за зголемување на старосната граница за пензионирање за мажите на 65, а за жените на 60 години, наиде на неодобрување како кај постарите така и кај младите Руси. Повозрасните стравуваат дека нема да доживеат пензија, додека младите наведуваат оти подолгиот работен век ќе ги ограничи нивните шанси за вработување.

Предлогот влијаеше и на падот на популарноста на претседателот Владимир Путин, кој истакна дека е неопходно зголемување на старосната граница за пензионирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...