Порошенко ја тужи Би-Би-Си за клевета

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

109

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа Би-Би-Си за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, Би-Би-Си наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...