Со жичница од Кале преку Вардар до Градски парк

1990

Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот.

Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето.

„Процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата“, велат од Град Скопје за порталот СДК.мк.

фото: СДК.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...