Исплатeни првите пари од ИПАРД 2

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски информира дека  со ИПАРД 2 Македонија од ЕУ доби 60 милиони евра за инвестиции и модернизирање на земјоделството.

113

Платежната агенција денеска ги исплати првите 10 барања за пари од ИПАРД 2 Програмата.

Како што соопшти директорот на Агенцијата Николче Бабовски по посетата на фарма во Грушино, склучени се рекордни 898 договори во вкупна вредност од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони земјоделците ќе ги добијат преку европските фондови.

– Очекуваме вкупната бројка на склучени договори да достигне 900 – рече Бабовски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски информира дека  со ИПАРД 2 Македонија од ЕУ доби 60 милиони евра за инвестиции и модернизирање на земјоделството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...