Форд: Ќе сведочам за сексуалното злоставување од страна на кандидатот Кавано

Кристин Блејси Форд во текст во „Вашингтон пост“ тврди дека кандидатот за судија насила ја допирал во една куќа во предградие на Вашингтон.

101

Жената, која го обвини кандидатот на американскиот претседател за судија на Врховен суд, порача дека нема да сведочи в понеделник, туку в четврток и оти не сака во таа прилика да биде во иста просторија со неа Брет Кавано.

Кавано и Кристин Блејси Форд требаше в понеделник да се појават на сослушување пред сенатскиот Комитет за правосудство.

Форд имаше време до денеска да се изјасни дали в понеделник ќе се појави пред Комиетот за правосудство.

Порталот „Политико”, осврнувајќи се на неименувани извори, наведува дека адвокатот на Форд сака таа прва да сведочи.

Кавано ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека не го знаел ниту идентитетот на жената која го обвинува, се додека не прочитал како Кристин Блејси Форд во текст во „Вашингтон пост“ тврди дека тој насила ја допирал во една куќа во предградие на Вашингтон на почетокот на 80-тите години од минатиот век и дека била исплашена за својот живот.

– Никогаш не сум направил ништо слично на тоа што го опиша жената која ме обвини – ниту неа, ниту на некој друг – истакна Кавано.

Тој претходно изјави дека е подготвен да одговори на прашањата на Комитетот за правосудство на Сенатот за „да ги побие лажните обвинувања за настаните пред 36 години и да го одбрани својот интегритет“.

Белата Куќа и натаму го поддржува именувањето на 53-годишен судија за испразнетото место во Врховниот суд, наведувајќи дека му верува оти не учествувал во инцидентот за кој е обвинет.

ФОТО: EPA-EFE/Tasos Katopodis

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...