Пукање во САД: Седум лица се ранети во амерканскиот град Сиракуз

Според порталот „Сиракуз.ком“ пукањето се случило на семеен собир по повод смртта на еден човек кој почина вчера од рак.

86

Полицијата во градот Сиракуз, Њујорк, одговорила на пукање на булеварот Мидленд, при што се повредени седум лица, вклучувајќи и дете.

Здружението на пожарникари во Сиракуз соопштија преку „Фејсбук“ дека при пукањето на булеварот Мидленд биле ранети седум лица.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека нема други достапни информации, освен дека инцидентот се случил по 21:00 по локално време.

Според порталот „Сиракуз.ком“ пукањето се случило на семеен собир по повод смртта на еден човек кој почина вчера од рак. Според порталот, се слушнале 10 истрели.

ФОТО: Видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...