Поради Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа

640

Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доцнат, што е настан без преседан, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи.

Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци, е недоволното снадување со електрична енергија од реонот на Косово и Србија, што е предизвикано од политичкиот спор меѓу двете земји. Станува збор за недостиг на струја од 113 гигават часови.

Асоцијацијата посочува дека овој проблем започнал кон средината на јануари и досега е проширен на 25 европски држави – „од Португалија до Полска и од Грција до Германија“.

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението.

Асоцијацијата уверува дека работи на изнаоѓање техничко решение за проблемот и дека за неколку недели „системот ќе се врати во нормален режим на работа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...