Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Посетителите ќе може да научат нешто повеќе за канабисот и да се сликаат за Фејсбук.

147

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „градот на гревот“ – Лас Вегас.

Во него ќе бидат изложени експонати како што се стаклен „бонг“ повисок од жирафа и вештачки пупки од марихуана.

Посетителите ќе може да научат нешто повеќе за канабисот и да се сликаат за Фејсбук.

Но, никому нема да му биде дозволено да запали „џоинт“, оти во Невада е забранета употреба на опојни дроги на јавно место.

Основачот на музејот Џеј Џеј Вокер изјави дека целта е да се дестигаматизира употребата на марихуана.

Музејот ќе ги прими првите посетители речиси 15 месеци откако возрасните лица во Невада добија право да купуваат марихуана за рекреативни цели и приватно, а продажбата досега ги надмина сите очекувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...