Триесет лица се почувствуваа лошо за време на лет на авионот на „Џет Ервејз“ од Мумбај до Џајпур, бидејќи пилотите најверојатно заборавиле да го вклучат системот за регулирање на притисокот, јавија индиски медиуми.
Леталото, со 166 патници и петчлен екипаж, безбедно се вратило во Мумбај. На 30 патници, кои крвавеле од уши и нос, им е била укажана медицинска помош.
Според податоците од индискиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство, делот во авионот каде се наоѓаат патниците не бил херметички затворен за време на летот.
Авиокомпанијата соопшти дека вработените, кои биле во авионот, ќе бидат суспендирани, додека трае истрагата на случајот.