Турција произведе хибридна локомотива

Локомотивата е заеднички проект на турската компанија за производство на локомотиви и мотори „Туломсаш“, турската државна железница ТЦДД и водечката фирма во секторот на одбранбената индустрија во Турција, „Аселсан“.

153

На Меѓународниот саем за транспортна технологија (ИноТранс) во Берлин, Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство.

Локомотивата е заеднички проект на турската компанија за производство на локомотиви и мотори „Туломсаш“, турската државна железница ТЦДД и водечката фирма во секторот на одбранбената индустрија во Турција, „Аселсан“.

Како што јави агенцијата Анадолија, со овој проект, Турија стана четврта земја во светот што разви технологија за сопствено производство на хибридни локомотиви.

Прв корисник на новите локомотива треба да бидат турската железница.

Новата турска локомотива е со ергодинамичен дизајн и благодарение на хибридната технологија ќе има за 40 проценти помала поторшувачка на гориво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...