Трамп лут на министерот за правда, дали следи смена?

Доналд Трамп жестоко го критикуваше министерот за правда на САД, Џеф Сешанс

98

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикуваше министерот за правда на САД, Џеф Сешанс, што претставува негова досега наојстро упатена критика кон некој член во Администрацијате што тој самиот ја именуваше.

Како што јави ДПА, во интервју за телевизијата ХилТВ, Трамп синоќа изјави дека тој „нема министер за правда“.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Сешанс, поради неговата одлука од март 2017 година да се откаже од контрола врз истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година. Со ваквата одлука, Сешанс практично се откажа да можноста да го штити претседателот од истрагата.

Трамп во интервјуто оцени дека тоа што го стори Сешанс е „многу нечесно“ и нагласи дека е „многу разочаран“ од него.

Аналитичарите проценуваат дека овие напади врз Сешанс може да претставуваат подготовка на теренот за негова смена.

Сешанс досега не оговори на обвинувањата на Трамп.

ФОТО: EPA-EFE/SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...