Отворена делницата на автопатот од Коридорот 10 кај Бујановац

112

Кај српскиот град Бујановац, во близина на македонската граница, денеска е пуштена во сообраќај нова делница од автопатот од Коридорот 10, во должина од 6,6 километри, јави дописникот на МИА од Белград.

Во состав на делницата е и чворот Бујановац 1, кој обезбедува директен влез и излез за Бујановац и пристап до целата постоечка мрежа на државни и локални патишта во тој дел на Србија, меѓу кои и до патот за манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за една од најпроблематичните делници на Коридорот 10, која требаше да биде завршена пред една година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...