Сер Пол Макартни откри дека го критикува Доналд Трамп во неговиот нов албум, нарекувајќи го американскиот претседател „луд капетан“ во една од неговите песни.
Ѕвездата од „Битлси“ изјави дека ги имал на ум луѓето што ги негираат климатските промени, како на пример Трамп, кога ја пишувал песната насловена „И покрај повторените предупредувања“ од неговиот 18-ти соло албум „Станица Египет“, што беше објавен на почетокот на септември.
Песната содржи стихови како „И покрај повторените предупредувања за опасност пред нас, капетанот не слуша што се кажува“ и „оние што се најгласни, не секогаш се најпаметни“.
Седумдесет и шестгодишниот Макартни рекол дека ја направил песната за да укаже дека „понекогаш имаме луд капетан на бродот на кој сме сите, а тој плови кон санта мраз, иако е предупреден дека тоа не е кул идеја“.
– Очигледно, тоа е Трамп – објаснил музичарот.
Доналд Трамп во една пригода изјави дека климатските промени се измама.