Името на Македонија еден од трите предизвици за регионот на Западен Балкан

Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат изјави дека земјите од Западен Балкан имаат три предизвици.

176

Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат изјави дека земјите од Западен Балкан имаат три предизвици – името на Македонија, нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и воспоставување на функционална држава во БиХ, истакнувајќи дека суштинската улога на Србија е да биде столб на стабилноста во регионот, за што ја имаат поддршката од САД.

Скат, на Меѓународниот форум „Безбедоносни предизвици на Западен Балкан и Србија“, изјави дека неговата главна порака на форумот е дека поделбите не се непомирливи и дека регионот не е осуден на борба засекогаш.

– Ниту една нација, земја, континент не е осудена од некоја сила, за никогаш да не се промени. Народите и државите одлучуваат за иднината и се свртуваат кон просперитетот, рече Скат.

Американскиот амбасадор кажа дека лидерите на Македонија и Грција покажаа храброст со постигнувањето на договор за името на Македонија, кој донесе нова ера во напредокот на европските интеграции и членството во НАТО.

– Напредокот на БиХ ќе оди побавно, но претстојните избори ги гледаме како можност за нова динамика, оцени Скат и потсети дека и во Белград и во Приштина се говори за сеопфатна нормализација на односите.

Верувам дека на Белград и на Приштина треба да им се даде простор за флексибилни, одржливи, применливи решенија и за зајакнување на безбедноста на Србија и Косово, рече Скат.

– Претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи ја имаат нашата целосна поддршка, рече американскиот амбасадор во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...