Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата пред група млади католици од Греноблската бискупија ги повика да ја заштитат својата сексуалност од порнографијата.

146

Папата Франциско им порача на младите Французи дека сексот е „голем дар од Бога“, а не табу, и дека треба да биде плод на животната, страствена љубов на мажите и жените.

Папата пред група млади католици од Греноблската бискупија ги повика да ја заштитат својата сексуалност од порнографијата и други искушенија коишто го издвојуваат сексот од љубовта.

– Луѓето паѓаат и прават гревови, но тоа не е сексуалноста на љубовта. Сексот е дар од Бога, а не табу, и има две цели: покажување љубов и создавање живот, нагласи тој.

Црковното учење исклучува секс пред брак и дозволува полов однос само помеѓу жена и маж. Исто така, Црквата е против вештачката контрацепција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...