На градилиште на хотелот Риц во Мадрид загина работник, 11 се повредени

Железното скеле на шестиот кат на хотелот Риц паднало околу 16 часот, со себе уривајќи ја конструкцијата и работниците.

62

На градилиште на луксузен хотел во центарот на Мадрид вчера загина работник, при уривање на скеле на кое работел, а најмалку 11 лица се повредени.

Според соопштението на брзата помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот Риц паднало околу 16 часот, со себе уривајќи ја конструкцијата и работниците кои биле на неа пет ката пониско.

Повеќето работници се спасиле сами и набрзо примиле лекарска помош, а двајца се хоспитализирани и се во тешка состојба.

Пожарникарите извлекле три лица од под урнатините со повреди од среден степен, а се обидувале да го извлечат и телото на настраданиот работник.

Локалната полиција ја испитува причината за несреќата, која брзата помош на Твитер ја окарактеризира како „несреќа на работно место“.

Овој хотел е затворен поради реновирање во март годинава.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...