Де Мистура повика на воздржаност по уривањето на рускиот авион

157

Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура ги повика Русија, Сирија и Израел да се воздржат од воени операции, откако сириската противвоздушна одбрана по грешка урна руски авион со 15 лица во него, мислејќи дека е израелски.

– Нова воена операција само би ја влошила и онака веќе тешката состојба во Сирија, изјави Де Мистура пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Де Мистура особено изрази загриженост што инцидентот со рускиот авион се случува во време кога претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, постигнаа договор да се одложи планираната операција против бунтовниците во областа Идлиб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...