Бизнисменките бараат гаранциски фонд за финансиска поддршка

За да можеме да направие некаков чекор напред мора да се ризикува, а за да направиме чекор во општеството треба и државата да ризикува заедно со нас. Ние сме му потребни на општеството, но бараме и помош од него, вели претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисоска.

95

И 100.000 евра се доволни за пилот – проект преку кој првично финансиски би се поддржало женското претприемништво во Македонија. Според Здружението на бизнис жени, кај надлежните има расположение за креирање вид гаранциски фонд, но актуелната политичка ситуација засега не ветува многу.

Претприемачките очекуваат интензивирање на активностите во оваа насока по претстојниот референдум, а во меѓувреме лобираат, преговараат со институциите и планираат за два месеца да излезат со конкретна стратегијата во која би бил наведен и предлогот за формирање гаранциски фонд.

– За да можеме да направие некаков чекор напред мора да се ризикува, а за да направиме чекор во општеството треба и државата да ризикува заедно со нас. Ние сме му потребни на општеството, но бараме и помош од него- изјави За да можеме да направие некаков чекор напред мора да се ризикува, а за да направиме чекор во општеството треба и државата да ризикува заедно со нас. Ние сме му потребни на општеството, но бараме и помош од него- изјави  претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисоска пред денешната тркалзена маса на тема „Можност за претпримеништво, мерки и програми за поддршка?“.

Проблемите на жените-претприемачи сѐ уште и секаде во регионот се исти.

– Жените претриемачи традиционално немаат банкараски гаранции зашто немаат недвижнина на свое име. Друг проблем е непостоењето инфраструктура што подразбира градинки и училишта прилагодени на нашите претприемачки обврски и активности. Претприемништвото не значи работење од осум до три. Ако општеството не ни помогне, не можеме да ги реализираме нашите активности, изјави Драгица Јерков од хрватското здружение на бизнис-жени „Круг“.

Општеството, дополни, треба да креира фонд или модел што ќе даде гаранција да бизнис-жените да ги реализираат проектите и да создадат нова вредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...