Заев: Се задолжуваме само за капитални проекти

Ако ги ослободиме сите закочувања на гасификацијата, за што едната делница е покрај Скопје за Тетово и Гостивар, а другата кон Прилеп и Битола, каде се движат работите, се надевам и тука ќе се придвижи на тој дел за да можеме максимално да ги ефектуираме овие работи, рече Заев.

101

Сите задолжувања на државата се за капитални инвестиции и се прават напори за нивна максимална реализација за да има ефекти од земените кредити за таа намена, изјави денеска премиерот Зоран Заев, во врска со порастот на учеството на јавниот долг во домашниот бруто производ (БДП).

– Се ослободи првата фаза за железницата, на 21-ви се отвора првиот чекор од постапката за јавната набавка за втората фаза од 67 милиони евра, веќе се подготвуваат следните чекори за третата фаза која што е некаде 350 милиони евра. Ако ги ослободиме сите закочувања на гасификацијата, за што едната делница е покрај Скопје за Тетово и Гостивар, а другата кон Прилеп и Битола, каде се движат работите, се надевам и тука ќе се придвижи на тој дел за да можеме максимално да ги ефектуираме овие работи – рече Заев.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, оцени дека соодветно се управува со јавниот долг и дека нема трошење државни пари за непродуктивни проекти.

– Најглавно е дека ние водиме добро управување со јавниот долг. Прва година во која што јавниот долг беше намален како процент беше во 2017 година. Постојано водиме политика на задолжување со пониски каматни стапки од кредитите што се отплаќаат. Имавме еврообврзница со најниска каматна стапка досега. Главно промената во задолжувањето се должи на тоа што земјава оди со буџетски дефицит, значи не одиме со суфицит. Исто така имаме големи долгови коишто доспеваат од претходно земени кредити и коишто постојано ги сервисираме – рече Тевдовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...