Заврши првиот круг разговори меѓу двајцата корејски лидери

Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин разговараа во континуитет два часа.

56

Заврши првиот круг од разговорите на високо ниво меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја.

Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин разговараа во континуитет два часа. Детали од нивниот состанок засега не се соопштуваат.

Според кабинетот на јужнокорејскиот претседател преговорите ќе се концентрираат на тоа како да се постигне денуклеаризацијата, да се намали военото позиционирање меѓу двете Кореји и да се поттикнат врските меѓу нив.

Средбата на врвот продолжува до 20 септември. Тоа е трета меѓукорејска средба на врвот од почетокот на годината и петта во историјата на двете корејски држави.

Ким денеска му кажал на Мун дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во јуни ја стабилизирала регионалната политичка ситуација и оти очекува повеќе напредок во таа насока.
Ким го пофали Мун дека сторил се што е можно за реализирање на „историски самит” меѓу него и Трамп на 12 јуни во Сингапур.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...