Патнички возови на водород пуштени во сообраќај во Германија

Возовите се произведени во погоните на француски „Алстом“.

133

Првите две регионални железнички композиции „Корадија ај Линт“ со водородни келии беа пуштени за редовен превоз на патници во северна Германија. Имаат нулта емисија штетни гасови и засега поврзуваат четири гратчиња, при што рутата е долга 100 километри.

Возовите се произведени во погоните на француски „Алстом“, а една од главните цели е да се истисне дизелот во железничкиот сообраќај. Проектот во Германија беше најавен пред две години.

Со едно полнење на резервоарот со водород, возот може да мине илјада километри, јавуваат западните медиуми.

ФОТО: Викиванд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...