Пратеникот во Европскиот Парлемент (ЕП) Лукас Мандел им порача на граѓаните на Косово дека по укинувањето на визниот режим, што се очекува во наредните неколку месеци, воопшто нема да имаат изгледи да добијат азил во земјите на Европската унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.
– Нема никакви шанси за азил, затоа што Косово е стабилна земја – изјави Мандел на денешната, втора, сесија на Парламентарната комисија за стабилизација и асоцијаци ЕУ-Косово, што се одржува во Приштина.
Пратеничката во косовското Собрание Блерта Делиу – Кодра, која е претседател на собраниската Комисија за евроинтеграции, го поздрави галсањето за визна либерализација за Косово во ЕП и побара од европратениците подддршка и во натамошните пороцедури во ЕУ до конечното укинување на визите.
Делегација на ЕП, предводена од хрватскиот дипломат Тонино Пицула, од вчера престојува во Косово, со цел да се запознае со напредокот на земјата во исполнување на обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ.
На вчерашната прва сесија на заедничката Парламентарна комисија присуствуваше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој се заблагодари на европратениците за минатонеделното изгласување на одлуката за визна либерализација и ја нагласи посветеноста на неговата Влада на европската агенда која произлегува од ДСА.