Јапонец ќе биде првиот турист на Месечината

Летот ќе се реализира најрано во 2023 година.

85

Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот што туристички ќе ја посети Месечината. Тој со себе има намера да понесе и уметници од повеќе области, за сето тоа да биде еден голем уметнички проект, соопштија вчера заедно со претставници на Спејс-Икс.

– Конечно можам да кажам дека ќе одам на Месечината и одбрав да одам со артисти, изјави Маезава на официјалната објава на одлуката на компанијата.

Според „Форбс“, Јапонецот располага со речиси 2,9 милијарди долари. Тој исто така е и колекционер на уметнички дела, за што е подготвен да потроши и стотици милиони долари. Тој се надева дека нема да биде сам на патувањето, оти има „уште слободни места“.

Летот ќе се реализира најрано во 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...