Руски авион со 14 војници исчезна од радари во Сирија над Средоземното Море во момент додека цели во Сирија биле гранатирани од израелски проектили, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Изгубен е контакт со екипаж на ационот Ил-20 над Средоземното Море околу 35 км од сирискиот брег. Авионот се враќал во сириската база Хмеимин, соопшти руското МО и додаде дека авионот исчезнал од радарите синоќа околу 23 часот по локално време.
Министерството додава дека во тек е потрага по авионот.
Авионот Иљушин-20 обично се користи за извидување и исчезнал од радарите поради „неочекуван инцидент“.
МО додава дека авионот исчезнал додека четири израелски авиони Ф-16 спроведувале напади врз инфраструктура во сириската провинција Латакија под контрола на сириската влада.
Сириската ПВО одговорила на израелскиот напад.
САД сметаат дека рускиот воен авион бил урнат поради невниманието на сириската артилерија, изјави американски претставник кој побарал анонимност.
Тој рекол дека, според американската влада, сириската ПВО од невнимание го соборила рускиот авион, додека пукала врз израелски проектили што летале кон Сирија.