Трамп наложи ФБИ итно да објави детали од истрагата за руското мешање

Трамп побара и од Министерството за правда да ги објави текстуалните пораки поврзани за истрагата за Русија.

106
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од ФБИ итно да ја симне ознаката за доверливост од дополнителни информации поврзани со истрагата за можно мешање на Русија во американските избори, соопшти Белата куќа.

Трамп побара и од Министерството за правда да ги објави текстуалните пораки поврзани за истрагата за Русија, но без измени кои во тие пораки ги внел директорот на ФБИ Џејмс Коми, поранешниот заменик директор на ФБИ, Ендрју Мекејб како и други поранешни и сегашни официјални лица од Министерството за правда. Меѓу нив е и неодамна сменетиот агент на ФБИ, Петер Стрзок кој се најде на удар на критики поради испраќање текстови во кои се омаловажува Трамп како претседтаелски кандидат.

ФОТО: EPA-EFE-MICHAEL-REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...