Најмалку 100 луѓе загинаа во поплави во централна и јужна Нигерија, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации.
– Според сегашните информации, 100 луѓе загинаа во 10 држави – изјави Сани Дати, портпарол на таа агенција.
Поплавите се случуваат по поројните дождови кои врнеа во изминатите неколку денови. Вонредна ситуација е прогласена во четири држави во Нигерија. Стотици илјади луѓе останаа без домови поради поплавите во изминатите неколку години што ја погодија Нигерија.
Во бурата Флоренс загинаа 23 лица, најавени големи поплави
А бурата Флоренс, иако ослабена, и понатаму предизвикува огромна штета во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина, додека се движи крај американскиот источен брег кон Вирџинија и Нова Англија.
Бројот на жртви се зголеми на најмалку 23, од кои 17 загинаа во Северна Каролина.
Метеоролозите истакнуваат дека поради историскиот раст на нивото на реките, најлошото допрва ќе се случува и предупредуваат на големи поплави, лизгање на земјиште и излевање реки во следните неколку денови.
Во меѓувреме, Флоренс ослабна до ниво на циклон кој сепак, со себе носи поројни дождови и силни ветрови.
ФОТО: Твитер