Локален телевизиски канал што емитува програма во Бурса, Западна Турција, казнет е со 2.300 евра поради „еротски танц од хомосексуална природа“, прикажан во спот на Пинк.
Турскиот радио и телевизиски врховен совет го казнил телевизискиот канал АС ТВ заради емитување на видеспотот „Secrets“ , пренесе „Дејли стар“.
Од советот навеле дека телевизискиот канал го прикажал спотот за песната на Пинк во време кога деца и млади луѓе гледаат телевизија, па поради тоа може негативно да влијае врз нив.
Пинк во изминативе години е гласен поддржувач на хомосексуалните права. Во 2012 година таа изјави дека луѓето од ЛГБТ-заедницата се нејзини најлојални пријатели.