Истражувањата покажале дека дури 64 отсто од учениците повремено чувствуваат болка во грбот предизвикана од тешката училишна чанта. Покрај книгите тука е и опремата за физичко. Што можеме да направиме за да ги спречиме болките во грбот на нашите деца?
Децата не би требало да носат на грбот товар потежок од 20 отсто од нивната телесна тежина. Ова правило е многу тешко да се почитува затоа што чантите од одделение во одделение се сѐ потешки и потешки, дури и првачињата имаат чанти кои се сигурно потешки од овој просек.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.