Во Музејот на современата уметност во Скопје утре во 18 часот ќе се отвори самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих насловена „Black Raw Memory“
Владимир Фрелих е хрватски уметник од Осиек. Дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот. Од 2007 е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.