Тајфун се приближува кон кинескиот брег, на Филипините загинаа 28 луѓе ВИДЕО

215
ФОТО: EPA / MARK R. CRISTINO

Тајфунот Мангкат зајакна и се приближува до Хонг Конг и кинескиот брег, откако ги опустоши Филипините, каде што загинаа најмалку 28 лица.

Хонг Конг утринава го крена нивото на тревога на највисоко, додека моќни бранови ги заплискувале долните региони, а ветровите ги треселе прозорците на бројни облакодери.

Филипинските власти соопштија дека главно при лизгање на земјиште во планинските области, најмалку 13 лица се водат за исчезнати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...