Кајли Џенер (21) на социјалната мрежа Снепчет објави видео во кое изјави дека цел свет ја малтретира. На видеото таа зборува за детството и проблемите кои ги имала бидејки била вклучена во реално шоу.
– Половина од вас мислат дека сум чудна, другата половина дека сум забавна. Но, јас сум жртва на насилство уште кога имав 9 години. Понекогаш имам впечаток дека цел свет ме злоставува – вели Кајли.
На видеото се гледа дека Џенер плаче.