На македонската сцена идната сабота се појавува нов бран на забавни настани под името „Бада Бум“. Првата забава ќе се одржува во Капан Ан, Скопје, со почеток на полноќ.
Идејата на „Бада Бум“ забавите е да ја промовираат урбаната култура како начин за сплотување меѓу публиката и артистите, негувајќи ги вредностите на музиката преку живи настапи и ДЈ сетови од докажани и квалитетни артисти од нашата домашна сцена како и од регионот.
На првото издание од „Бада Бум“ ќе имате можност да ги проследите во живо македонскиот Хип Хоп бенд „Токсиколози“ во кои членуваат Сиги, Кацар и Џоле, додека како ДЈи вечерта ќе се забавувате со плочите на ДЈ Гоце САФ и ДЈ Дрази Драгс. Со огромно задоволство, „Бада Бум“ за прв пат во Македонија, ќе ви го претстави најквалитетниот рапер во подем на бугарската Хип Хоп сцена – СЕКТА.