Принцот Вилијам присуствувал на свечено отворање на јапонска куќа на културата во Лондон и учествувал во различни работилници. Токму тогаш направил незапамтен гаф.
Во Лондон вчера е отворена јапонска куќа на културата во која преку изложби, случувања и гастрономски уживања ќе се претставува културата на Далечниот исток во британската метропола. Во рамките на својот кралски ангажман, на свеченото отворање присуствувал и принцот Вилијам.
Една од задачите на група ученици од интернационалното училиште била да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а во предизвикот им се приклучил и добро расположениот Вилијам.
За да ја разбие тремата и напнатоста на масата, се обидел да ги анимира децата и им поставил неколку прашања, и тогаш му се случил и гафот поради кој станал предмет на шега.
– Дакате ли кинеска кујна? Уммммм, мислам, јапонска храна… Јадете ли често јапонска хтана – брзо се поправил принцот, а децата не биле претерано заинтересирани за разговорот.
– Не? Не баш… Сакате ли суши? Суши е многу убаво – рекол Вилијам.