Петгодишната ќерка на Ким Кардашијан веќе умее сама да се шминка! (ФОТО)

107

Со оглед на тоа дека нејзината мајка Ким Кардашијан-Вест поседува мултимилионска козметичка компанија, не е чудно што петгодишната Норт Вест веќе добро е запознаена со сите тајни на шминкањето

Ким уште еднаш на својот профил на Инстаграм сподели „уникатни“ вештини за шминкање на нејзината ќерка Норт, која овојпат одлучила да го контурира лицето.

Гордата мајка на шега ја нарекла Норт кралица на контурирањето, а во објавата ја искористила својата ќерка за рекламирање на својата колекција „Classic Blossom“ од нејзиниот бренд „KKW beauty“. На втората снимка, Норт и Ким се возат во автомобил, а малото девојче на усните носи кармин од спомнатата колекција.

Секако дека ниту оваа ситуација не поминала без негативни коментари, но Ким порачала дека Норт карминот го носела само неколку минути, и тоа по своја волја. Таа истакнала дека ова било предуслов за ќерка ѝ да излезе од дома, па таа не видела ништо лошо во тоа малку да ѝ попушти.

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...